По синоќешното невреме во Куманово поплавени неколку куќи

фото: Слободен печат / Драган Митрески

Регионалниот ЦУК Куманово известува дека по силниот пороен дожд што го зафати градот Куманово, во вечерните часови, а поради неможноста атмосферската канализација да ги прифати големите количества вода, дошло до поплавување на куќи.

Екипите од ТППЕ Куманово биле излезени на терен за испумпување на вода во село Черкезе. ЈП „Водовод“, била на ул. Никола Вапцаров каде што известува дека поради подигнување на нивото на реката има поплава на улицата, и на ул. „Србо Томовиќ”, бр.36.

Таму имало поплавени подрумски простори, но случајот не можел да се реши веднаш и водата треба да се повлече.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот