По повод 50-годишнината: „ABBA“ повторно ќе го издадат еден од нивните најпознати албуми

Шведската група „АББА“ на Изборот на песна за Евровизија / 9 февруари 1974 / Фото: LINDEBORG / AFP / Profimedia

„Waterloo“, вториот студиски албум на шведската поп-група „АББА“,  повторно ќе ја види светлината на денот во ограничено издание по повод 50-годишнината од постоењето.

Со насловната песна на албумот, „АББА“ ја претставуваше Шведска на Изборот на песна за Евровизија во 1974 година, во британскиот град Брајтон, каде што и победија.

Албумот ќе биде реиздаден на 5 април и ќе вклучува мастер на двоен лонг-плеј винил, со ограничено издание на три винил синглови од 1974 година.

За да ја прослават годишнината од албумот, обожавателите ќе можат да купат билети за настан на покривот на лондонската О2 Арена на 4 април и да уживаат во тематско диско во стилот на „АББА“.

Албумот „Waterloo“ беше издаден во март 1974 година, а на него се најдоа и други популарни песни на „АББА“, како што се „My Mama Said“ и „Honey, Honey“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот