По налог на Шилегов намерно се саботирале двокатните авотобуси, обвини Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ

ЈСП
Градски автобуси на ЈСП / Фото: Драган Митрески

Дилемите и случувањата околу „Бас рапид транзит“ (БРТ)-системот и бесплатниот јавен превоз во Скопје беа дел од темите на вечерашната Топ Тема на Телма, во која дебатираа советниците од Град Скопје, Мартин Попов од СДСМ и Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие разменија многу аргументи за главните ветувања од предизборната кампања, но и обвинувања за претходните и сегашните раководства на градот.

Андоновски го обвини претходниот градоначалник Петре Шилегов за недомаќинско работење поради кое го оставил буџетот на општината руиниран како после војна. Вели дека започнувал проекти само за да ги рекламира и малку подоцна да ги напушти. Во однос на БРТ системот и последните информации кои се појавија во јавноста дека проектот ќе биде прекинат, тој посочи дека има неколку опции како да се продолжи и не ја исклучува можноста за референдум, но тврди дека на граѓаните не им е јасно каков е тој систем, и што ќе донесе.

Андоновски уште обвини дека во ЈСП, „по налог на Шилегов, намерно биле саботирани двокатните авотобуси“.

За Попов, пак, овие обвинувања се несериозни.

„Сигурен сум дека овие обвинувања не се издржани, бидејќи од она што го имам како информација е дека двокатните автобуси, за кои да потсетам има предмети во Јавното обвинителство, за начинот на кој беа набавувани, не постоеше начин како да се набават делови. ЈСП се соочуваше со проблем како да ги сервисира. Тоа беше лоша набавка, која знаеме како резултираше“, рече Попов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот