По две и пол години полицијата поднесе кривични за убиство на Дилавер Бојку

За убиството на нарко босот осомничен е К.Л. (33) од струшкото село Ливада.

Крвична пријава за убиството на нарко босот Дилавер Бојку Леку поднесе Оделението за внатрешни работи Струга,  против К.Л. (33) од струшкото село Ливада како и против Е.О.(39), од истото село, за сторено казнено дело „помагање“.

На 14 август 2017 година, првопријавениот К.Л. на летна тераса од угостителски објект во Струга со револвер го лишил од живот 58 – годишниот Дилавер Бојку – Леку од струшкото село Велешта, а потоа пукал и кон А.Б.(41) од Струга и Б.С.(28) од селото Велешта. Второпријавениот Е.О. со патничко возило „мерцедес“ со швајцарски регистарски ознаки, по претходен договор со сторителот, го однел до угостителскиот објект.

К.Л. е осомничен  и за обид на убиство на синот на Дилавер Бојку, Артан и уште едно лице од Велешта кои се ообиделе да го спречат во неговото бегство, стои во соопштението на СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот