По 2.000 евра казна за четворица несовесни скопјани

Фото: Слободен печат

Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе предлози за казнени налози против четири лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија..

Од Јавното обвинителство информираат дека тројца од обвинетите во селото Побожје, а еден во Бутел, не го почитувале полицискиот час.

-За време на забраната определена со прописите за спречување на ширењето на заразна болест, без дозвола се движеле надвор од нивните домови, се посочува во соопштението на Обвинителството.

За обвинетите се предложени парични казни од по 100 дневни глоби, со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра​.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот