Платил над 60.000 евра за ПИВО – ГРЕШКА на келнерката го чинело СКАПО

Еден австралиски новинар платил 55.000 фунти (61.356 евра) за кригла пиво во еден хотел во Манчестер по грешка на келнерката.

Питер Лејлор, кој е новинар за еден австралиски весник, платил астрономска сума за едно шише дојчерс ИПА пиво во хотелот Малмезон, откако го поминал денот гледајќи крикет на Олд Трафорд.

„Одлучив да испијам пиво на враќање и поминав од хотелот, бидејќи таму ми беа сместени другарите“, кажал Лејлор.

„Кога платив, не ги носев своите наочари, а имаше некакви проблеми со терминалот, така да морав два пати да погледнам. Имав некое чудно чувство, па прашав: „Колку го платив пивото?“ Девојката што работеше на шанк ја погледна сметката и рече: О, боже!, а потоа малку се премислуваше да ми ја покаже“, раскажа Лејлор.

Тој вели дека откако видел дека му е наплатено 55.000 фунти, менаџерот на хотелот веднаш ја признал грешката и му ветил дека ќе му помогне да го среди тоа со банката.

Лејлор си заминал, погрешно претпоставувајќи дека банката  нема да му прокнижи толкава исплата во секој случај.

„Ме разбуди телефонот, ме бараше испаничена мојата жена, која открила огромно намалување на мојата сметка за хипотека“, рекол Лејлор.

„Ги земаат парите за секунда, но изгледа дека им требаат 10 работни дена за да ги вратат“, прокоментирал тој, пренесува Гардијан.

Портпаролот на хотелот вели дека моментално се прави истрага во врска со случајот и дека воспоставиле контакт со Питер за да му се извинат и да го уверат дека се ќе биде решено набргу, пренесува Б92.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот