Платформата за родова еднаквост побара да се прекине емитувањето на емисијата на Лазаров

Фото: Скриншот/Јутјуб

Згрозени од изнесените информации и ставови од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас во првата емисија од поткастот на Стефан Лазаров, членките на Платформата за родова еднаквост реагираат за говорот во поткастот и бараат да се прекине неговото емитување. Сметаме дека поткастот го нормализира насилното однесување на родова основа преку искуствениот пример на Латас, што за него е вообичаен начин за стекнување прво сексуално искуство кај момчињата на 15 годишна возраст. Воедно ја осудуваме изјавата во медиумите на водителот на поткастот Стефан Лазаров кој не се огради од ваквата содржина, туку напротив го поддржа говорот на Латас, се вели во реакцијата од Платформата за родова еднаквост.

Потенцираат дека големиот број прегледи на оваа емисија влијае на јавното мислење, особено кај младите луѓе кои лесно можат да дојдат до заклучок дека „шамарање на девојка“, според изјавата на Латас и Лазаров, пред сексуален однос е сосема нормално однесување на момчињата и притоа не сносат никаква одговорност ниту последица за ваквиот чин.

Иако во описот на поткастот се наведени правила дека не се дозволени говор на омраза и расизам, оваа емисија содржи токму ваков наратив. Затоа, како членки на Платформата бараме подкастот да биде избришан од оваа видео-социјална платформа и да се прекине со емитување на овој проблематичен поткаст, додаваат од Платформата.

https://www.slobodenpecat.mk/simnato-e-od-jutjub-spornoto-intervju-so-latas/

Ја поздравија реакцијата на Секторот за компјутерски криминал при МВР со доставата на известување до Основното јавно обвинителство – Скопје по интервјуто на јутјуберот Стефан Лазаров со Драган Павловиќ-Латас.

Бараме Обвинителството да постапи во законски рок и да поднесе обвинителен акт за Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, се вели во соопштението.

„Навистина ја претеравте“ – мајката на јутјуберот Лазаров ја искина партиската книшка од СДСМ

Упатија апел до приватниот сектор кој го поддржува Лазаров и ги користи неговите услуги за рекламирање да ја прекине соработката.

 Во спротивно, со нивната поддршка кон овој поткаст поддржуваат и овозможуваат ширење на мизогинија, родово засновано насилство, расизам и говор на омраза. Дополнително, во време кога во борбата против насилството врз жените, меѓу другото, е неопходно и подигање на јавната свест, јавните личности имаат посебна одговорност во справувањето со оваа реторика и промовирање на позитивни вредности кои ќе придонесат кон  искоренување на насилството, а не кон негово промовирање, посочуваат од Платформата за родова еднаквост.

Лавина реакции на социјалните медиуми по гостувањето на Латас во поткастот на Стефан Лазаров: За двајцата соговорници силувањето е извор на забава и смеа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот