Пјонгјанг започнува „фундаментална трансформација“ во земјоделството

Северна Кореја/ Фото: ЕПА

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун им нареди на владините претставници на продолжената пленарна седница на Централниот комитет на Работничката партија на Кореја да подготват план за „фундаментална трансформација“ во земјоделството, продлабочувајќи ги стравувањата дека недостигот на храна во неговата земја се влошува , пренесуваат британските меидуми.

Како што јави денеска севернокорејската државна агенција КЦНА, Ким Џонг Ун ја нагласи „важноста од растечкото земјоделско производство“ и потребата од „радикални промени“ во земјоделството.

Јужнокорејското Министерство за обединување претходно месецов соопшти дека ситуацијата со храната во Северна Кореја „веројатно се влошила“, пренесуваат британските медиуми.

Во јануарскиот извештај на американската организација „38 Nort“, која се занимава со Северна Кореја, се наведува дека ситуацијата со храната во оваа земја е најтешка од 90-тите години на минатиот век.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот