Пјаниќ на позајмица од Барселона во Бешикташ

Миралем Пјаниќ по поголема минутажа во турскиот клуб Бешикташ/Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ пристигна на „Камп Ноу“ минатото лето од редовите на Јувентус…

Досега во дресот на каталонскиот клуб запиша 30 настапи, 19 во шпанската „Ла Лига“, осум во Лигата на шампионите, еден во „Копа дел Реј“ и два во националниот Супер Куп.

Како што официјално соопштија од Барса, Пјаниќ до 30 јуни 2022 година ќе игра како позајмица за турската екипа на Бешикташ.

Барселона можеби направи голема грешка со Босанецот, го дадоа младиот Бразилец Артур за него и му дадоа плата што повеќе не може да ја плати. Затоа сега го испратија на позајмица, со цел да го ослободат буџетот.

Бешикташ, кој исто така го потврди новото засилување, за едногодишната позајмица ќе плати два милиони и 750.000 евра за таа сезона, додека Барселона ќе го плати остатокот (8,5 милиони евра).

Покрај Барса и Јувентус, 33-годишниот фудбалер Пјаниќ играше за Рома, Лион и Мец.

ВИДЕО: Е, тоа е фудбал – плачеше таткото на Ансу Фати: „Ова е лудо“!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот