Пита со сирење и павлака

Profimedia

Состојки:

500 грама сирење по ваш избор
200 милилитри кисела павлака
2 мали лажички сол
200 милилитри масло за јадење
200 милилитри минерална вода
2 јајца
300 грама готови кори
15 грама маргарин (за премачкување на тепсијата)

Подготовка:

Во сад, со помош на прстите издробете го сирењето, а потоа во него додајте ги павлаката, солта, маслото за јадење, минералната вода и сето тоа убаво промешајте го.
Земете ја тавата во која ќе ја печете питата со сирење и премачкајте ја со маргарин. Потоа ставете неколку кори и врз нив истурете го целиот фил. Потоа врз филот додајте ги и корите што ви преостанале.

Попрскајте со масло и вака подготвената брза пита со сирење ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот