
Пилот на позната авиокомпанија е суспендиран откако шетал гол и пијан низ хотел
Британската авиокомпанија „Изиџет“ (ЕasyJet) суспендираше еден од своите капетани откако гостите во луксузен хотел во Капо Верде наводно го виделе како шета по заедничките простории пијан и сосема гол во раните утрински часови, објави „Би-би-си“.
Препорачано
Пилотот пристигнал во одморалиштето и спа-центарот „Мелиа Дунас Бич“ на 4 август, каде што почнал да пие во барот на хотелот. Околу 2:30 часот наутро по локално време на 5 август, по долга сесија на пиење, се соблекол и почнал гол да шета низ рецепцијата, а потоа низ теретаната и спа-центарот на хотелот.
„Пилотот немал ниту едно парче облека на себе и мирисал на алкохол“, изјавил анонимен извор од авиокомпанијата за „Сан“.
„Секој што го видел како шета гол рано наутро, денот пред закажаниот лет, сигурно не би сакал да лета со него во пилотската кабина“, додал изворот.
Пилотот требало да лета на повратниот лет за Лондон Гетвик попладнето на 6 август, но компанијата го отстранила од употреба откако добила поплаки и пронашла замена.
Портпаролот на „Изиџет“ потврди за „Би-би-си“ дека капетанот е суспендиран и дека е во тек внатрешна истрага.
„Безбедноста на нашите патници и екипаж е наш апсолутен приоритет“, соопшти компанијата.
Етичкиот кодекс на „Изиџет“ наведува дека вработените мора да дејствуваат „со интегритет кон колегите, клиентите, партнерите и заедниците во кои работиме“.