Петти ден нема новозаразени во Дебар и Центар Жупа

Од оперативниот штаб велат дека е добра вест тоа што во Дебар и Центар Жупа, каде на 13 март беше прогласена кризина состојба, во последните пет дена нема новозаразени со „Ковид -19″.

Во поширокиот дебарски регион, општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше се намалува бројот на лицата во домашна излоација. Од над 400 лица колку што беа минатиот месец, таа бројка сега е околу 100.

Во Општина Дебар од над 220, моментno во домашна изолација се 71 лице.

– Во нашата општина во моментов во домашна изолација се десет лица, претежно студенти кои се дојдени дома, изјави за МИА Аријан Ибраим, градоначалник на Општина Центар Жупа.

Во Општина Маврово и Ростуше во домашна изолација се 18 лица, од околу стотина кои беа на почетокот на минатиот месец, а беа пристигнати главно од Италија и од Германија.

– Станува збор за лица кои беа затекнати во Дебар, кога беше прогласена кризна состојба. Откако им беше дозволено да го напуштат градот, со решение тие мора да останат во самозолација уште 14 дена. Тие се во добра здравствена состојба, изјави градоначалникот Медат Куртовски, кој раководи и со Кризниот штаб за заштита од корона вирус.

Од оперативниот штаб велат дека е добра вест тоа што во Дебар и Центар Жупа, каде на 13 март беше прогласена кризина состојба, во последните пет дена нема новозаразени со „Ковид -19″.

– Вкупната бројка на заразени останува 49, од нив две лица од општина Центар Жупа, кои беа и првозаразени. Станува збор за сопружници кои пристигнаа од Бреша, Италија, каде биле во посета на нивните деца. Од вкупната бројка на заразени 16 се излекувани додека четири за жал починаа, од кои тројца се од Дебар и една жена од Центар Жупа, потврдуваат од Оперативнот штаб во Дебар.

Во трите општини редовно се распределува помош за најранливата категорија граѓани, која пристигнува од хуманитарни организации, фирми и поединци.

Жителите од овој регион строго ги почитуваат препораките и мерките на Владата. Во изминатите седум дена не е регистрирано непочитување на забраната за движење, не е регистрирано групно собирање, ниту нарушување на јавнот ред и мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот