Петрушевски: Според резултатите на локални избори оваа Влада го нема легитимитетот да продолжи да владее со Македонија

Бране Петрушевски
Бране Петрушевски / Фото: Скриншот, Фејсбук

Според резултатите на локални избори оваа Влада го нема легитимитетот да продолжи да владее со оваа држава. Ние имаме 61 потпис и поднесовме иницијатива и не може да биде дискутабилна иницијатива која што е прифатена од претседателот на Собранието на Република Македонија кој што по закон е задолжен да се грижи за уставноста, исправноста и легитимноста на сите документи кои што се поднесуваат како поднесоци во Собранието, истакна Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Петрушевски потсети дека „Економист“ оваа Влада ја именуваше како хибриден режим. Корупцијата не ја измисли ВМРО-ДПМНЕ, корупцијата на оваа Влада го нотираше „Транспаренси Интернешнл“ и ја рангираше Македонија на 111-тото место.

– Кај функционерите на СДСМ преовладува личниот интерес, што ќе добијат, колку министерства ќе добијат, како да поткупат некој пратеник, како да се дограбат до функции, и така го гледаат они поимањето на политиката, појасни Петрушевски.

Петрушевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се здружи во партнерски однос со други политички партии меѓу кои се три албански политички партии со цел да се стави крај на оваа криминална влада која што само нанесе штета на државата и граѓаните.

Петровска: Не знам од каде споредба на видеа на терористички организации и видеото на Реџепи, недозволиво е

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот