Петровска се сретна со Џејмс О’Брајан: Европската интеграција е клучна за гарантирањето на безбедноста и просперитетот на регионот

Фото: Фејсбук/Славјанка Петровска

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска вчера се сретна со помошникoт државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан.

Како што напиша Петровска, со средбата се потврди силната американска поддршка за членството на Македонија во Европската Унија, и евроинтеграцијата е клучна за гарантирањето на безбедноста и просперитетот на регионот и на Македонија.

„САД е најблискиот глобален партнер на Европската Унија . Со Северна Македонија како членка, ЕУ ќе биде посилна и пообединета. Македонските граѓани ги живеат европските вредности и затоа ние припаѓаме на големото семејство на европски народи. Интеграцијата е и најдобар одговор на сè побројните обиди за штетни влијанија на трети страни во регионот. Да донесеме храбри и државнички одлуки кои ќе го отворат патот кон една попросперитетна иднина за нашите граѓани“, напиша на фејсбук министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот