Петровска: Нема реална закана за безбедноста на државата, но не оставаме ништо на случајност

Кибер-криминал/ Фото: ЕПА

Во овој момент нема реална закана за безбедноста на државата и тоа е она што граѓаните треба да го знаат. Не оставаме ништо на случајност и службите, секоја во своја надлежност преземаат дополнителни мерки за гарантирање на безбедноста, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Во одговор на новинарско прашање на денешната деветта НАТО студентска симулација, Петровска посочи дека на вчерашниот состанок се отворила дебата, заедно со претставниците на разузнавачките служби и министерот за внатрешни работи и додава дека идејата е оперативниот тим да ја забрза и подобри координацијата на службите, како и на службите на партнерските земји.

– Кибер заштитата на сите институции, но и на се тоа што претставува критична инфраструктура е предизвик. Министерството е носител на новото законско решение за заштита на критична инфраструктура и впрочем утре во Клубот на пратеници ќе ја имаме последната јавна дебата по што законот ќе биде проследен во процедура. Додека да се усвои и стапи во сила законот, апсолутно секоја институција презема дополнителни мерки во однос на кибер заштитата. Имаме постојана комуникација и поддршка од стратешките партнери и во рамките на НАТО и надвор од тоа. Сајбер заштитата е нешто на кое во континуитет мора да се работи и не е нешто кое еднаш засекогаш завршува, порача министерката.

Додаде дека се следат сите евентуални оби ди за кибер-напад и се во координација со сите засегнати институции со цел навремено реагирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот