Петровска: Ковачки да се извини за изнесените лаги, во спротино следува тужба за клевета

Фото: Министерство за одбрана

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска до пратеникот Драган Ковачки упати барање за извинување за лагите што ги изнесува за наводниот секс-скандал и наводното прикривање од страна на министерката, соопштија од Министерството за одбрана.

„Доколку тој во рок од 48 часа од приемот на барањето не се извини ќе му биде поднесена тужба за клевета“, додаваат од министерството.

Инаку пред еден месец во Граѓанскиот суд завршија подготвителните рочишта за судскиот спор за навреда и клевета, кој министерката за одбрана, Славјанка Петровска, го иницираше против пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, за обвинувањата на пратеникот дека Петровска крие луксузен имот во Радишани, која не го пријавила во својот Анкетен лист до ДКСК.

Завршија подготвителните рочишта за судскиот спор на Петровска против Ковачки, главното судење на 30 ноември

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот