Петровска им порача на Македонците во Албанија на пописот да се произнесат како што се чувствуваат

Фото: Министерство за одбрана

Министерката за одбрана Славјанка Петровска коментирајќи ги бугарските притисоци кон македонското малцинство во Албанија за изјаснувањето на нивната национална припадност на пописот што се спроведува во таа земја порача дека тие имаат апсолутно право да се потпишат онака како што се чувствуваат.

Прашањето на самоопределување на секој еден граѓанин без разлика на која територија се наоѓа е една од темелните европски вредности. Македонците во Албанија имаат апсолутно право да се произнесат онака како што се чувствуваат односно да се произнесат како Македонци. Всушност една од заложбите за кои интензивно разговараме изминатиов период е процесот на Европска интеграција на нашата држава – изјави Петровска во одговор на новинарско прашање на прес-конференција.

Таа посочи дека една од целите на европското интегрирање е со зачленувањето на државава во ЕУ, македонскиот пасош да биде европски што ќе овозможи граѓаните да не чувствуваат, како што рече, притисоци или да бидат залажувани со некои бенефиции за да се попишат различно од она што го чувствуваат.

Така што, интересите за граѓаните на Република Северна Македонија или за нејзините припадници без разлика каде живеат, повторно ќе кажам, се докажуваат со реални постапки а не само со говори – заклучи таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот