Петличковски: И аспиринот може да предизвика несакани реакции кај мал број луѓе, па масовно се користи

Петличковски

Директорот на институтот за имунобиологија и хумана генетика, д-р Александар Петличковски во вечерашното гостување на ТВ 24 уште еднаш повтори дека вакцината на АстраЗенека е безбедна како и сите други вакцини.

-Доста скпеса владееше. Очекувам како ќе ги гледаме луѓето околу нас вакцинирани, ништо не им фали, вакцините уште повеќе ќе се прифаќаат. Бидејќи, тоа е единствен излез.  Тие случаи со тромбоза се јавуваат на 1 во 500.000 луѓе, што мора да признаеме дека е низок процент. Имам информација дека девојката од Македонија кај која се јави ова, веќе е добра и од денеска е пуштена од болница. Мора да имаме на ум дека ова е една несакана реакција, и да била поврзана со вакцината е една и заврши без последници. Во меѓувреме имаме 40 мртви дневно, овие десетина дена додека траат преписките дали вакцината е безбедна или не, тоа се 400 луѓе, мора подеднакво да се грижиме и за наредните 400. Вакцините сите се безбедни и значително многукратно повеќе бенефитот ги надминува сите ризици. И аспиринот може да предизвика несакани реакции кај мал број на луѓе, да предизвика крварање, па дури и смрт, па сепак многу луѓе го користат, рече Петличковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот