Петков: Гласав за нормален европски живот

Кирил Петков на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел/Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Гласав за нормален европски живот, гласав да имаме нормална европска влада, нормални европски патишта, европско здравство, нормално европско образование. Гласав затоа што сфаќам дека нема спасител, се зависи од секој од нас, изјави Кирил Петков, копретседателот на „Промените продолжуваат“ и еден од лидерите во коалицијата „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“.

Петков кажа и дека денеска гласал затоа што не сака неговите две ќерки да одат да студираат во странство.

Сакам мојата трета ќерка да се врати и да може да работи во Бугарија, сакам кога ќе ги видам моите пријатели во Варна да не патувам пет часа, туку да патувам три часа, сакам кога патуваме низ Европа да не се чувствувам како луѓе од втора категорија – да ни ги проверуваат документи на секоја станица, додаде поранешниот бугарски премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот