Петков: Борисов крадел по 3-4 милијарди лева годишно, тој мора да оди во затвор

Петков-Борисов / Фото Колаж на СП/ ЕПА

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, мора да се пензионира бидејќи ја стопира реформата на партијата. Со него нема да се направи судска реформа, бидејќи со сегашниот систем мора да оди во затвор. Тој крадел 3-4 милијарди лева годишно. Еден европски лидер изјави дека Бугарија не била примена во Шенген поради него. Тоа за бугарската „Нова ТВ” го изјави поранешниот бугарски премиер Кирил Петков, копретседател на „Продолжуваме со промената”.

Тој нагласи дека претседателот Румен Радев не е политички противник на партијата.

Според него, ако преодната влада ги одбие договорените танкери од САД (со гас), ќе излезе во знак на протест, а неставањето во функција на гасната врска со Грција до крајот на август ќе биде намерна акција на кабинетот. Петков додаде дека четирипати ќе биде поевтин гасот кога ќе биде ставена во функција гасната врска со Грција. Петков нагласи дека нема намера да коалицира со Борисов на изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот