Четири пијалаци кои мора да ги избегнувате ако ве мачи висок крвен притисок

Фото: Профимедиа

Високиот крвен притисок може да биде опасна состојба која може да доведе до развој на тешки болести, а токму тоа е причината поради која треба редовно да го проверувате за да избегнете можни последици. Добар начин на превенција, но и на контрола на крвниот притисок е избегнувањето на одредени навики.

Десетте фактори на ризик на кои можеме да влијаеме се: висок крвен притисок, физичка неактивност, несоодветна исхрана, прекумерна телесна тежина, пушење, консумирање алкохол, фибрилација на артериите, зголемени масти во крвта, дијабетес, депресија и стрес.

Високиот крвен притисок или хипертензија се нарекува „тивок убиец“ затоа што често нема очигледни симптоми, па се смета за многу подмолна состојба бидејќи луѓето нема да сфатат дека е потребно да се работи на намалување на вредностите на крвниот притисок. Ако се појават симптоми, тие вклучуваат главоболка, замор, конфузија, болка или стегање во градите, промени во видот, гадење, повраќање, анксиозност, прекумерно потење, бледа кожа или црвенило на лицето и треперење на мускулите.

Хипертензијата е зголемен крвен притисок, кој се дефинира како вредност на систолниот „горен“ притисок трајно повисок од 140 или дијастолниот „долен“ крвен притисок трајно повисок од 90.

„Ако се прашувате што да правите со вашиот крвен притисок и како да намалите го, ова се 5 навики кои во голема мера се поврзани со хипертензијата“, вели кардиологот д-р. Лук Лафан.

Кои пијалаци е подобро да се избегнуваат?

Ако имате висок крвен притисок, важно е да внимавате што пиете, исто како и на тоа што јадете. Еве кои пијалаци треба да ги избегнувате:

1. Премногу алкохол

Ако страдате од висок крвен притисок, можеби би требало да го намалите консумирањето на алкохол, а според клиниката „Мејо“, повеќе од три пијалаци дневно може да го зголемат крвниот притисок, а ако пиете премногу често, промените можат да бидат трајни. Според истражувањата, консумирањето на седум или 13 алкохолни пијалаци неделно е поврзано со зголемен крвен притисок.

2. Засладени пијалаци

Според нутриционистите, ваквите пијалаци кои се полни со додаден шеќер можат негативно да влијаат на крвниот притисок.

„Тие може да бидат опасни за хипертензијата, па советот да се избегнуваат ваквите пијалоци е добар чекор. Повеќето од нив содржат многу шеќер, што може да доведе до настанување на лош холестерол, а со тоа и се зголемува ризикот од дијабетес и болести на срцето“, наведува д-р Едибел Кинтеро, нутриционист. Ваквите пијалаци се поврзани со зголемување на крвниот притисок, што може да го зголеми ризикот од развој на хипертензија.

3. Енергетски пијалаци

И ваквите пијалаци можат лошо да влијаат на здравјето, а и да ги зголемат шансите за развој на хипертензија, доколку постојано се пијат.

„Неколку студии покажаа дека тие предизвикуваат хипертензија, а една од причините е кофеинот во енергетските пијалаци, кој може да го зголеми крвниот притисок“, вели нутриционистката Линдзи Делк. Таа предупредува дека никогаш не треба да се комбинираат со алкохол.

4. Го прескокнувате млекото

Можеби ви звучи чудно, но млекото всушност е одлична напивка за притисок.

„Истражувањата покажуваат дека ризикот од висок крвен притисок се зголемува ако не пиете млеко. Обидете се да го вклучите во вашата исхрана секој ден, барем 2 шолји“, вели Делк.

Минатогодишното истражување покажа дека консумирањето млеко со малку маснотии е начин за спречување на хипертензија и кај мажите и кај жените.

5. Пиете премногу кафе

И премногу кафе може да има негативно влијание врз здравјето и хипертензијата.

„Пијалаците кои содржат кофеин, како што се чајот, кафето, енергетските пијалаци, можат да го зголемат крвниот притисок. Не е јасно што се случува, но студиите покажуваат дека кофеинот може да го зголеми крвниот притисок. Всушност, ефектите се краткотрајни, што значи дека крвтниот притисок брзо ќе се зголеми откако ќе испиете кафе. Тој ефект не мора да трае долго, зависи од неколку фактори, како на пример, колку често пиете кафе и која количина“, вели Винченца Зурло, нутриционистка.

Ако сте љубител на кафе и имате висок крвен притисок, не мора целосно да се откажете од кафето, но задолжително прво разговарајте со вашиот лекар за тоа, кој ќе ви разјасни дали тоа има негативно влијание врз вашето здравје.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот