Пет години по поплавите: Ќе се обесштетат зeмјоделци од Гази Баба и од Арачиново

Можните решенија за обесштетувања земјоделци, кои останале необесштетени за настанати штети од невремето во општините Гази Баба и Арачиново во 2016 година и во 2018 година, поради правни пречки, беа разгледани на денешниот состанок на премиерот Зоран Заев со Аднан Ајрула и уште неколкумина други претставници на Организацискиот одбор на протести на земјоделците од овие две општини.

На средбата, информираа од владината прес-служба, премиерот најави можно решавање на проблемот.

– Има волја кај Владата да се изнајдат решенија за посочените прашања и има и пари во Буџетот за оваа намена. Клучно е да се утврдат можностите за обесштетување согласно закон и сега сме на тоа посветени, рече премиерот Заев.

Договорено е утре, на владина седница, да биде утврдена постапката за обесштетување на необесштетените земјоделци од невремето во 2018 година, преку иницирање измени и дополнувања на Законот за заштита и спасување, што понатаму ќе оди на усвојување во Парламентот.

– За мал број необесштетени земјоделци од невремето во 2016 година, е договорено правни експерти во Владата да ги разгледаат предметите и причините поради коишто досега било невозможно да се реши прашањето, со цел да се утврди дали има правен основ за решавање и на ова прашање, велат од Владата.

На средбата присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот