Песков: Специјалната воена операција во Украина не зависи од временските услови

Дмитриј Песков/ Фото Mikhail Japaridze / TASS / Profimedia

Специјалната воена операција во Украина не зависи од временските услови и таа продолжува, изјави за медиумите портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

„Специјалната воена операција продолжува, таа не зависи од климатските или временските услови. Нејзините цели мора да се постигнат“, рече Песков, според руската прорежимска новинска агенција ТАСС.

Одговарајќи на прашање за милионите украински граѓани кои останаа без струја и топлина на 15 ноември поради борбени операции во време кога временските прогнози предвидуваа пониски температури на воздухот, Песков рече дека тоа е резултат на напад на воена инфраструктура.

„Ова се случи поради одбивањето на Киев да води преговори со Русија“, рече Песков.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков вчера изјави дека на 15 ноември руските вооружени сили извршиле масовен напад со високопрецизно, воздушно и поморско оружје со долг дострел врз воениот команден и контролен систем на Украина и поврзаните енергетски објекти. Тој рече дека целите на нападот се постигнати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот