Пешиќ: Ако нешто не се промени, во иднина нема да освоиме никаков медал

Фото: EPA-EFE/FRANCIS R. MALASIG

Германија денес ја совлада Србија и првпат во својата историја ја освои светската титула.

Германците во Манила ги совладаа Србите со 83:77, а по натпреварот српските медиуми имаа сериозни забелешки на судењето.

Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ не зборуваше за судењето и им честиташе на Германците за освоеното злато.

„Им честитам на Германците на одличниот натпревар. Заслужено победија, играа 40 минути на високо ниво со континуитет, многу физичка кошарка. Германија првенството го заврши без пораз и мора да им се честита. Нашата ситуација е поинаква. Потребна ни е поголема ротација, за Милутинов до последен момент не знаевме дали може да игра поради проблемот со мускулот.

Пешиќ исто така и предупреди дека мора да се подобри ситуацијата со домашната кошарка во Србија.

„Ние немаме лига, не постои натпреварување во Србија. Како мислиме да ја развиваме нашата кошарка ако немаме лига? Ако кажам нешто позитивно за Германија и нивната лига, веднаш ќе бидам нападнат. Германците веќе 20 години го имаат еден од најорганизираните системи во своите натпреварувања. Не е ниту чудо што ги постигнаа сите овие резултати. Ако ништо не се промени, ако не започнеме нешто додека не се заврши циклусот во Париз, ако не седеме и да видиме како понатаму со кошаркарската организација и клубовите, повеќе нема да освоиме ниту еден медал“, изјави Пешиќ.

ВИДЕО | Сребро за Србија на Мундобаскетот, Германија ја доби драмата во финалето!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот