Пенелопе Круз ја доби на шпанската национална награда за кинематографија

Пенелопе Круз
Пенелопе Круз / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Познатата шпанска актерка Пенелопе Круз ја доби националната награда за кинематографија во својата земја.

Министерството за култура и спорт на Шпанија соопшти дека наградата ѝ е доделена на актерката, со образложение дека во 2021 година „со своите достигнувања го збогатила шпанското културно наследство“.

Исто така, беше истакнато дека 48-годишната актерка е првата државјанка на Шпанија која ја добила наградата „Volpi Cup“ за најдобра актерка на италијанскиот филмски фестивал во Венеција 2021 година и дека по четврти пат е номинирана за Оскар во категоријата за најдобра актерка.

Нагласено е и дека актерката од Мадрид била една од истакнатите лидери во 1990-тите, кога шпанската кинематографија беше обновена и учествувала во многу општествени и меѓународни филмови.

„Со нејзиниот огромен талент и сестрана личност, таа соработува и има блиски врски со филмски работници од целиот свет, а тоа отвори нови врати и за шпанската кинематографија“, се вели во соопштението.

Покрај Националната награда за кинематографија, Круз доби и парична награда од 30.000 евра.

Во својата мошне богата кариера глумела во 65 филмови, освоила Оскар во категоријата најдобра женска улога за улогата во филмот на Вуди Ален „Vicky Cristina Barcelona“ во 2008 година, а освоила и награди на фестивалите во Кан, Франција и „Goya“ во Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот