Пендаровски: Некакви рестрикции ќе мора да има, само препораките не помагаат

Од тоа што го гледам во развиените западни држави, тие веќе почнаа со порестриктивни мерки, почнаа со размислување за порестриктивни мерки и веројатно дел од нив ќе се аплицираат многу брзо, бидејќи кај нив Божик почнува порано отколку кај нас. Се разбира дека тие олабавуваат дел, за да може и тој битен потрошувачки дел од економијата малку да поработи подобро и да добие повеќе приходи во буџетот, меѓутоа не само заради тоа. Прво, не можете сосема да ги затворите луѓето дома со полициските часови што ги имавме март, април, мај. Но, некакви рестрикции ќе мора да има, затоа што е очигледно дека без полициски час, само препораките кај нашиве луѓе не помагаат, рече претседателот Стево Пендаровски вечерва во гостување на Дневникот на Сител во врска со справувањето со пандемијата на ковид-19.

Посочи дека би сакал да биде прв што ќе ја прими вакцината против ковид-19 и нагласи дека неопходно е да се подигне свеста за вакцинацијата.

–  Видов некои анкети кои покажуваат исклучително мал процент на луѓе кои се подготвени да ја примаат вакцината и тестирана и проверена и од најдобрите светски производители. Јас не влегувам во ранливите категории, ни по возраст, ни по статус, ни по професија, но ако е тоа возможно, па дури можеби и во некој спот ќе бидам пример за граѓаните. Станува збор и за припадниците на моето семејство не само за мене, рече претседателот Пендаровски.

Тој изјави и дека не е задоволен од тоа како функционира целиот систем за кризен  менаџмент и најави дека прва работа која ќе ја иницира откако ќе заврши се ова на почетокот на 2021 година е да се направи сериозна анализа на пропустите кои ги имавме.

– Никој не знае дали следната пандемија не е можеби зад првиот свиок или не знам каква друга елементарна непогода. Ние мораме тој систем за одговарање на кризи да го кренеме на далеку повисоко ниво, додаде претседателот Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот