Пендаровски на средба со шефицата на Мисијата за набљудување на претстојните избори на ОБСЕ

фото: МИА

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Џилиан Стирк, шеф на Мисијата за набљудување на претстојните избори на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР).

На средбата, претседателот Пендаровски, како што информира неговиот Кабинет, беше запознаен со планираните активности на Мисијата составена од 12 меѓународни експерти, 20 долгорочни, како и 300 краткорочни набљудувачи кои ќе пристигнат во државата еден ден пред гласањето.

Претседателот Пендаровски изрази очекување дека државата ќе организира фер и демократски изборен процес, со високи стандарди, во согласност со очекувањата од земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во Европската Унија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот