Пендаровски: Имаме многу случаи на висока корупција кои биле прикривани

Фото: Слободен печат

Корупцијата е болест на општеството што остава последици врз демократијата и ако не се преземат соодветни мерки таа ги руши нејзините темели, изјави денеска во Собранието, претседателот Стево Пендаровски кој се обрати на пленарната сесија на Националната конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија.

– Потребно е системско справување со корупцијата во оваа сфера. Случајот „Рекет“ е круцијален тест за правниот систем и мора да се реши до крај. Не смееме да толерираме странични влијанија. Имаме многу малку предвидени случаи за висока корупција и изречени казни. Тоа значи дека овие случаи на висока корупција биле прикривани – рече Пендаровски.

Тој ја охрабри и Антикорупцискста комисија да работи и понатаму.

– Многу брзо ќе ги отвориме поглавјата и мора да покажеме напредок во справувањето со корупцијата за да продолжиме понатаму. Базичен предуслов е да се впуштиме е во нескруполозна борба со корупцијата – додаде претседателот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот