Пекинг бара безбедност на биолабораториите во Украина

Кинеското Министерство за надворешни работа денеска ги повика сите страни да ја гарантирааат безбедноста на 26-те биолаборатории во Украина, како и од САД да објават детали поврзани со ова прашање.

-Уште еднаш ја повикуваме американската страна да ги разјасни своите активности по прашањето за биолошка милитаризација во земјата и странство, изјави Жао Лијиан, портпаролот на кинеското МНР.

Забелешките на Пекинг доаѓаат откако руското Министерство за одбрана во неделата соопшти дека поседува докази за разработување биолошко оружје во лаборатории во Украина финансирани од САД.

Лијиан истакна дека случајот со биолабораториите во Украина се работи само „врв од санта мраз“ бидејќи според кинеските сознанија САД контролираат 335 биолошки лаборатории во 30 држави низ светот.

Што се однесува на состојбата во Украина, Лијиан истакна дека со својата политика на ширење кон исток САД ставиле огромно дрво во пожарот на украинската криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот