Патрушев се сомнева дека проукраинска група стои зад саботажата на „Северниот тек“

Николај Патрушев / Фото EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин, Николај Патрушев, денеска изјави дека се сомнева оти гасоводот „Северен тек“ бил кренат во воздух од проукраинска група, теза која се појави во американската разузнавачка заедница и американските медиуми.

Тој додаде дека Москва се уште не знае кој стои зад саботажата на „Северен тек“, пренесува руската агенција „Интерфакс“.

Николај Патрушев, генералниот секретар на Советот за безбедност на Русија, исто така рече дека „Украина не доби ништо со уништувањето на гасоводот“.

Берлин тврди дека „Северен тек“ можеби е саботиран за да се оцрни Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот