Патниците мораат да носат маски за да се качат во авион во САД

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Патниците на американските авиокомпании кои одбиваат да носат заштитни маски, би можеле да бидат спречени да се качат во авионот, соопшти групата „Ерлајнс фор Америка”.

Исто така, дури и по влегувањето во авионот, стјуардите и стјуардесите имаат овластување да ги предупредат патниците да ги вратат маските на лице доколку ги отстранат за време на летот.

Меѓу авиокомпаниите кои ја спроведуваат оваа нова политика се Алјаска ерлајнс, Американ ерлајнс, Делта ер лајнс, Хавајан ерлајнс, ЏетБлу Ервејс, Саутвест Ерлајнс и Јунајтед ерлајнс, се вели во соопштението на „Ерлајнс фор Америка”.

Авиокомпаниите јасно ќе ги информираат патниците за нивните правила, а секој превозник ќе утврди соодветни последици за патниците што немеа да ги почитуваат, вклучително и ставање на црни листи.

Новите ригорозни правила за носење заштитни маски се обврзувачки и за патниците и за екипажот во кабината, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот