Партијата на Трајанов кажа „да“ на Резолуцијата на Мицкоски

павле трајанов
Павле Трајанов / Фото: МИА

„Да“ за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за носење на Резолуција за македонските национални интереси пристигна денеска од партијата Демократски Сојуз. Од партијата на Павле Трајанов бараат Собранието што поскоро да заседава и да ја донесе Резолуција за националните интереси во врска со нашите ЕУ-интеграции, а истата да биде донесена со широк граѓански и политички консензус, па и подобрена во својот текст.

„Никој нема право да го оспорува нашиот македонски национален идентитет, неговиот историски континуитет, како и јазикот, кој е едно од клучните обележја на секој народ“,пишува во партиското соопштение од ДС.

Ваквото барање доаѓа неколку дена по најавата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека ќе поднесе ваква Резолуција во Собранието, а дел од текстот кој е во функција на штитење на македонските црвени линии, веќе протече и во медиумите. Ќе се приклучат ли другите партии во оваа иницијатива и како ќе помине сето тоа во Парламентот?

„Очекуваме расправа во Парламентот и подобрување на текстот на предложената Резолуција, за таа да биде основа за сплотување, помирување и надминување на внатрешните поделби и конфликти“, децидни се од партијата на Трајанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот