Партија на пензионери:Ќе се усогласуваат пензиите и на пензионерите од МВР со стаж покус од 40 години

epa08387845 Elderly people wearing protective face masks walk at Tasmajdan park in Belgrade, Serbia, 27 April 2020, amid the ongoing coronavirus COVID-19 pandemic. Serbian citizens older than 65 are allowed to leave their homes during the curfew as the authorities eased some of the measures that have been in place to limit the spread of the coronavirus SARS-CoV-2 which causes the COVID-19 disease. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Партијата на пензионери ги информира засегнатите пензионери од МВР дека наскоро треба да бидат донесени дополнителни измени во Законот за внатрешни работи, со цел со усогласувањето на пензиите да бидат опфатени и корисниците на старосни пензии кои правото го оствариле со стаж покус од 40 години.

-Партија на пензионери ги информира пензионираните припадници на МВР, кои не беа опфатени со последните усогласувања на пензиите, дека денеска во Собранието на РСМ, надлежната комисија го прифати предлогот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи поднесен од пратениците Илија Николовски и Славјанка Петровска. Со тоа „се откочи” процесот и се очекува измените на законот да се донесат на седница на Собранието во текот на месец мај, велат од оваа партија.

Оттаму додаваат дека на овој начин конечно се создале услови со усогласувањето на пензиите да бидат опфатени и корисниците на пензии кои од МВР оствариле право на старосна пензија со стаж од најмалку 35 години жени и 37 години мажи.

-Со ова Партијата на пензионери ја исполни својата програмска цел да се исправи неправдата кон корисниците на пензии од МВР, кои по многу понеповолни услови ги остварија своите пензии, иако го понесоа најголемиот товар во создавањето и градењето на самостојна македонска држава, се нагласува во соопштението.

Во иднина, како што нагласуваат од партијата, приоритет за нив ќе биде да се изборат во Собранието да се усвои и иницијативата за измени на Законот за служба во Армијата со додавање на член 218-в и така државата правично да им се оддолжи и на засегнатите маргинализирани пензионирани припадници на Армијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот