Парламентот на Полска ќе расправа за либерализација на законот за абортус

Полска парламент / Фото EPA-EFE/PAWEL SUPERNAK

Полскиот парламент попладнево треба да расправа за либерализацијата на законот за абортус, еден од најстрогите во Европската унија.

За време на неговата изборна кампања, премиерот Доналд Туск вети дека ќе ги зајакне правата на жените и ќе го олесни пристапот до абортус. Сепак, во централно-левичарската коалиција на Туск има несогласување околу степенот до кој законот за абортус треба да се либерализира.

Во 2020 година, Уставниот суд дополнително го заостри полскиот строг закон за абортус под тогашната влада на конзервативната националистичка партија Право и правда (ПиС).

Оттогаш, абортусот е дозволен само по силување или инцест или ако животот на трудницата е во опасност, но не и во случај на сериозни абнормалности на плодот.

Трите коалициски партнери кои ја сочинуваат владата на Туск сега поднесоа вкупно четири нацрт-закони до парламентот.

Нацртот на Граѓанската коалиција на десниот центар на Туск предвидува легализација на абортусот до 12-та недела од бременоста.

Во својот амандман за ова се залага и левичарскиот сојуз Левица. Во случај либерализацијата да не успее, левицата како понатамошен потег сака да постигне барем ослободување од казна.

Христијанската конзервативна партија по трет пат предлага враќање на т.н компромисно решение кое беше во сила до пресудата на Уставниот суд.

Ова би значело дека абортусот во Полска би бил легален само откако ќе се изврши кривично дело или ако постои ризик за бремената жена или фетусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот