Парламентот на Иран поради коронавирусот ја прекинува работата

„Заради ширењето на коронавирусот во земјата президиумот донесе одлука да не се оддржуваат седници на парламентот до некоја друга, поинаква, наредба“, соопшти тој.

Иранскиот Парламент денеска донесе одлука за прекин на работата заради коронавирусот, информира портпаролот на президиумот на Законодавниот дом, Асадула Абаси, цитиран од агенциите.

– Заради ширењето на коронавирусот во земјата президиумот донесе одлука да не се оддржуваат седници на парламентот до некоја друга, поинаква, наредба – соопшти тој.

Претходно беше соопштено дека неколку ирански пратеници се заразени со новиот тип на коронавирус.

– Во врска со ширењето на заразата САД му понудија помош на Иран во борбата со коронавирусот – изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Тој подвлече дека во моментов функционира хуманитарниот канал, што е создаден заедно со Швајцарија, кој во Иран овозможува да се испорачаат неопходните хуманитарни стоки.

Помпео изрази загриженост од недостигот на солидна здравствена инфраструктура и од фактот дека Техеран не ги споделува своите информации во врска со ширењето на заразата.

Управата за контрола на странските сметки (OFAC) на американското Министерство за финансии издаде одобрение за испорака на медикаменти и храна за Иран.

Во октомври 2019 година САД и Швајцарија создадоа финансиски канал за испорака на хуманитарни стоки. Првите три пратки беа испратени во текот на јануари како пилот проекти. Сега веќе државјаните на САД или на Швајцарија, кои добиваат одобрение од американското Министерство за финансии ќе можат да се занимаваат со испораки на такви пратки.

Швајцарскиот канал е создаден како исклучок од американските санкции врз Иран, држава која е обвинувана од САД дека го поддржува тероризмот.

Иранскиот потпретседател Есхак Џахангири на почетокот на февруари соопшти дека американските тврдења за недостиг на лекови и производи за Иран се „лага“.

Иран располага со милијарди долари во различни држави низ светот, но не може да ги користи за купување на лекови или производи бидејќи САД тоа не го одобруваат.

Присуството на швајцарскиот финансиски механизам е оценет како пропаганда, бидејќи тој не ја зема предвид големината на иранската економија. Потпретседателот подвлече дека токму годинава земјата увезла лекови за повеќе од три милијарди долари, додека швајцарскиот финансиски канал располага со само два милиона долара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот