Париз ја повика Србија и „особено Косово” да го прифатат предлогот на ЕУ за табличките

Фото: Н1

Франција денеска ја повика Србија и Косово да го прифатат предлогот на Европската унија за решавање на спорот за регистарските таблички по неуспехот на преговорите за кои Брисел ја обвини Приштина.

„Франција „ги повикува двете страни, особено Косово, да го прифатат компромисниот предлог формулиран од Европската унија”, се вели во соопштението на портпаролката на француското Министерство за надворешни работи.

„Франција целосно го поддржува европското посредување, кое треба да овозможи напредок кон глобален и правно обврзувачки договор меѓу Србија и Косово и напредок кон европската перспектива на двете земји. Франција силно ги повикува страните да ги продолжат разговорите во наредните денови во духот на компромисот и да ги спроведат веќе склучените договори, вклучително и одредбите поврзани со Заедницата на српските општини.Франција се придружува на повиците на Европската унија да се избегне каква било унилатерална акција што може да поттикне тензии”, се заклучува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот