Папата Франциск со порака од Ирак: Нека замолчи оружјето!

epa09054427 Pope Francis is welcomed by President of Iraq Barham Salih (R) during an official welcome ceremony at the Presidential palace in Baghdad, Iraq, 05 March 2021. Pope Francis started his three-day official visit to Iraq, the first ever papal visit to the country. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MEO

Папата Франциск, во својот говор за време на првата посета на еден поглавар на Римокатоличката црква на Ирак, повика за прекин на екстремизмот и насилството.

– Да се ​​стави крај на актите на насилство и екстремизам, на поделба и нетолеранција! Нека замолчи оружјето!, повика папата во своето обраќање.

Тој попладнево слета на меѓународниот аеродром во Багдад, каде беше поздравен од ирачкиот премиер Мустафа ал Кадими и од групи кои презентирале најразлична народна музика и танци во Ирак.

Подоцна се сретна со претседателот Барам Салех, кој во 2019 година му испратил официјална покана за посетата, како и со други владини и верски претставници.

Од претседателската палата, водачот на 1,3 милијарди католици низ целиот свет, одржа говор, потенцирајќи ги длабоките корени на христијанството во Ирак.

– Вековното присуство на христијаните во оваа земја и нивниот придонес во животот на нацијата претставува богато наследство, што тие сакаат да продолжат да им го нудат на сите, рече папата Франциск.

Тој го повика раководството на земјата „да се избори со злото на корупцијата, злоупотреба на моќта и непочитување на законот”.

Папата, кој е отворен поддржувач на меѓуверскиот дијалог, ги поздрави и другите малцинства во Ирак. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот