Папата Франциск со порака на 75. годишнина од нападот врз Хирошима: Поседувањето и употребата на нуклеарно оружје е неморално

Комеморација е одржана и покрај пандемијата од короанвирус, но во Меморијалниот парк на мирот, годинав не можеа да влезат преживеаните и нивните семејства.

Папата Франциск денеска по повод 75. годишнина од атомскиот напад врз Хирошима повика на мир и рече дека употребата и поседувањето на атомско оружје се неморални.

„Никогаш не било појасно дека, ако сакаме мирот да процвета, сите луѓе мора да го истават военото оружје, а посебно најмоќното и најдеструктивното оружје – нуклеарното кое може да осакати и уништи цели градови, цели држави“, рече папата во пораката до организаторите на одбележувањето на годишнината.

Да потсетиме дека во текот на посетата на Јапонија во 2019 година се молеше пред споменикот на мирот во Хирошима и се состана со преживеаните.

„Употребата на атомска енергија во воени цели е неморална, токму како што е и поседувањето нуклеарно оружје, додаде папата.

Во Јапонија денеска се одбележува 75 годишнина до нуклеарниот напад врз Хирошима, што беше прв таков напад во историјата на човештвото.

Комеморација е одржана и покрај пандемијата од короанвирус, но во Меморијалниот парк на мирот, годинав не можеа да влезат преживеаните и нивните семејства.

САД на 6 август 1945 година фрлија атомска бомба врз Хирошима, со што предизвикаа завршување на Втората светска војна. До крајот на таа годиниа во експлозијата и од повредите и болести предизвикани од радијација умреа околу 140.000 жители на тој град.

Во наредните години, се до денес, многу преживеани умираа до леукемија и други болести, предизвикани од радијација, но никој со сигурност не може да го каже точниот број на жртвите од бомбардирањето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот