Папата Франциск вчера имал покачена температура

Лекарите од Универзитетската болница „Гемели” во Рим продолжуваат да ја следат состојбата на папата Франциск по операцијата на дебелото црево, особено откако синоќа имал мала треска, соопшти денеска портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, пренесе ДПА.

Лекарите утринава повторно ги прегледале градите и стомакот на папата со компјутерски  томограф (КТ).

Ватикан, исто така, соопшти дека терапијата на папата Франциск продолжува според планираното.

„Неговата Светост, папата Франциск, мина тивок ден, јадеше и се движеше без помош”, се наведува во соопштението од Ватикан, во кое се додава дека вчера попладне „тој сакаше да ја искаже својата татковска грижа за младите пациенти од одделенијата за детска онкологија и детска неврохирургија, испраќајќи им ги своите топли поздрави”.

Папата Франциск беше примен во болницата минатата недела заради планирана операција за стеноза на цревата. За време на операцијата, што траела три часа, лекарите отстраниле дел од дебелото црево на папата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот