Папата Франциск со порака до производителите на оружје: „Запрете!“

Папата Франциск на француските воени гробишта во Рим/ Фото EPA-EFE/MAURIZIO BRAMBATTI

Папата Франциск при денешната посета на воените гробишта во Рим, на денот кога католиците се сеќаваат на своите мртви, ги повика производителите на оружје да „запрат” бидејќи војната „ги голта децата на татковината”, пренесува Ројтерс.

На денот на сите души, папата Франциск служеше миса на француските воени гробишта во Рим, местото на погребување на околу 1.900 француски и марокански војници убиени во Втората светска војна.

Франциск, кој секоја година на овој ден ги посетува гробиштата, положи бели рози и застана на некои од гробовите да се помоли и спомна дека на еден од нив пишува „Непознат, умре за Франција, 1944 година”.

„Дури нема ни име. Но во срцето на Бог сите се наши имиња. Ова е трагедијата на војната“ рече тој во импровизирана проповед.

„Но… дали се бориме доволно силно да нема војни, да нема економии на земјите кои зајакнуваат благодарение на индустријата за оружје?”, додаде тој.

„Овие гробници се порака за мир. Застанете браќа и сестри, застанете. Застанете производители на оружје, застанете! рече тој, додавајќи дека на овие гробишта се погребани луѓе кои се меѓу многуте „жртви на војната, кои ги голтаат децата на татковината”.

Франциск досега  има упатено многу повици за разоружување и изјави дека нуклеарното оружје треба да се забрани бидејќи дури и нивното поседување заради одвраќање е „перверзно” и неодбранливо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот