Пантиќ по „трезнење“ пуштен од станица (ФОТО)

фото: Еспресо.рс/Соња Спасиќ

Познатиот српски новинар-коментатор Милојко Пантиќ е пуштен на слобода откако ноќта ја помина во полициска станица во Белград на „трезнење“.
– Бев на свадба, малку повеќе испив и се случи тоа што се случи. Никого не убив, никого не згазив – изјави Пантиќ по излегувањето од полициската станица.

фото:Еспресо.рс/Соња Спасиќ

Пантиќ минатата вечер беше уапсен откако во алкохолизирана состојба, прво удри во полициски џип, а потоа неколку минути и бегаше на полицијата низ улиците на Белград. Пред апсењето му беше измерено дека има 1.73 промили алкохол во крвта.

фото: Курир.рс
фото:Курир.рс

„На улицата Старо сајмиште во Нов Белград дојде до сообраќајна несреќа откако М.П. (1947), возач на автомобил „форд фокус“ не постапи во согласност со знакот „задолжително запирирање – стоп“ и продолжи да се движи по што удро во службено возило на интервентната полиција“ стои во соопштението на белградската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот