Пановски: Ноќните клубови се биолошки бомби за ширење на вирусот

Д-р Никола Пановски
д-р Никола Пановски / Утрински брифинг

Микробиологот д-р Никола Пановски на гостувањето на Канал 5 изјави дека работата на ноќните клубови треба да се укине до Нова година и повторно да им се забрани да организираат забави. Тој ноќните клубови ги нарече „биолошки бомби за ширење на коронавирусот“.

„Во скоро време беше донесена одлуката да им се дозволи на ноќните клубови да работат, но јас апелирам таа одлука да се укине до Нова година и повторно да им се забрани на ноќните клубови да организираат забави, вели  д-р Пановски.

Според него, младите луѓе можеби нема да се заразат, но голема е веројатноста болеста да ја донесат дома и да се заразат повозрасни луѓе.

„Сметам дека треба сите луѓе во затворен простор да носат заштитни маски. Освен во продавници и во трговски центри, луѓето кои влегуваат во разни други установи одбиваат да стават маска на лицето. Тие сметаат дека членови на една иста фамилија и дека нема потреба да носат заштитни маски, а всушност тие луѓе ја шират болеста. Затоа, апелирам до луѓето да не се групираат, а ако веќе мора да се групираат, тогаш да носат заштитни маски и да држат дистанца“ вели д-р Пановски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот