Панихида пред споменикот Руски крст во Битола за жртвите од терористичкиот напад во Москва

Фото: Васка М. Младеновска/Слободен печат

Членови на Здружението за македонско-руско пријателство „Александар Аркадиевич Ростковски“ од Битола, денес, пред споменикот Руски крст во Градскиот парк, со положување цвеќе и панихида му оддадоа почит на загинатите во петочниот терористички напад што се случи во концертната сала „Крокус“ близу Москва, во кој загинаа најмалку 137 лица, а над 100 се повредени.

-Веста за овој грозоморен чин како Здружение, но, и лично како членови ја примивме многу тешко. Со овој чин сакаме да изразиме сочувство до семејствата на настраданите и до целиот руски народ и во овие тешки моменти да ја пратиме пораката дека македонскиот народ во своите мисли и молитви е заедно со рускиот народ и никогаш повеќе да не се повторат вакви грозоморни настани никаде во светот-рече Драган Романски претседател на Здружението за македонско-руско пријателство од Битола.

 

Фото: Васка М. Младеновска/Слободен печат

Во најсмртоносниот напад на руската територија во последните години, четворица вооружени напаѓачи упаднаа во полната сала „Крокус“ во предградие на Москва пред почетокот на концертот на рускиот рок-бенд „Пикник“, по што почнаа да пукаат наоколу во луѓето. Тие исто така предизвикаа пожар, па дел од жртвите починале од задушување.

Нападот од петокот, за кој одговорноста ја презеде огранок на групата Исламска држава, е најсмртоносниот на руска територија во последните две децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот