Пандемијата влијае негативно и врз нафтената индустрија

Пандемијата со Ковид-19 негативно влијае и врз глобалната индустрија на нафта и гас, покажуваат финансиските извештаи на водечките нафтени компании за 2020 година.

Англиско-холандскиот гигант „Ројал Дач Шел” денеска соопшти дека во 2020 година заработката изнесувала 4,85 милијарди долари, што е пад од 71 отсто во однос на профитот од 16,5 милијарди во 2019 година.

Претходно, „Бритиш петролеум” соопшти за загуба од 5,7 милијарди долари во 2020 година, што е прва загуба во изминатата деценија, а „Ексон” пријави загуба од 22,4 милијарди долари.

Акциите на „Шел” денеска забележаа занемарлива негативна корекција, а во текот на 2020 година го достигнаа најниското ниво. На 28 октомври минатата година една акција на „Шел” вредеше 878,1 пени, оттогаш имаше зголемување на вредноста на акциите, но и понатаму се 40 проценти под вредносташто ја имаа кон крајот на 2019 година.

Нафтените компании бележат пад на приходите поради долготрајниот пад на побарувачката на енергенси за време на карантините воведен ширум светот поради пандемијата со Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот