Панчев го поддржа Џајиќ: Секогаш сум за тоа поранешни фудбалери да ги водат федерациите

фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Maкедонската фудбалска легенда, Дарко Панчев искажа поддршка за Драган Џајиќ кој се кандидираше за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Панчев во изјава за српскиот „Спортал“ истакна дека следи што се случува во српскиот фудбал,.

„Ја следам ситуацијата. Видов дека Џаја е еден од кандидатите и му посакувам победа. Секогаш сум за тоа некои поранешни фудбалери да ја водат федерацијата. Фудбалот е комплициран спорти и не е лошо да го води некој кој во него е цел живот. Џаја е токму таков, многу го ценам, беше голем играч, потоа голем директор и многу придонесе за подобрување на југословенскиот фудбал“.

Според Панчев годините не се препрека.

„Природно е Џаја да треба да биде претседател. Веќе е искусен, нема други обврски и може да се сконцентрира само на тоа. Секако, ќе има помош и од оние кои ќе му помагаат, верувам дека може да ја подобри ситуацијата во српскиот фудбал, иако ситуацијата во српскиот фудбал по мене е се подобра од година во година“, изјавил Панчев.

Покрај Џајќиќ својата кандидатура јавно ја потврди и Немања Видиќ, рокот за поднесување на нови кандидатури е до 27-ми февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот