Панчев: Денешниот фудбал многу зависи од парите, не сакам некаде да работам колку само да „работам“

фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Maкедонската фудбалска легенда Дарко Панчев по елиминацијата на Црвена Звезда од европските натпреварувања даде интервју за српскиот весник „Новости“ во кој освен за Звезда зборуваше и за теми поврзани со македонскиот фудбал.

Панчев доби прашање зошто не работи во некој од клубовите или некое друго место.

„Не преферирам да работам некаде само за да работам. Денешниот фудбал е многу зависен од парите. Ако постои финансиски добар момент да се направи добра екипа, тогаш можеби ќе размислам да се вклучам некаде, да помогнам да се направи добар тим“, изјави Панчев.

Зборуваше Панчев и за македонскиот напаѓач од кого најмногу се очекува во иднина, Бојан Миовски.

„Клупскиот фудбал нема баш голема перспектива, како во Македонија, така и во целиот регион. На прсти можеш да ги наброиш екипите кои прават успех или влегуваат во групната фаза од натпреварувањата на УЕФА. Секаде падна квалитетот, но пак ќе повторам, фудбалот е зависен од парите. Не можеш до добрите играчи, затоа што многу чинат, а треба да се мериш со најдобрите, што е многу тешко. Не знам колку време ќе треба тоа да биде на некое подобро ниво“, смета поранешниот голгетер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот