Панче Тошковски министер за внатрешни работи, Стефан Андоновски за администрација, Ѓоко Велковски за труд и социјала

Потврдени се новите имиња на министрите за техничката влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. „Трилинг“ пренесува дека Панче Тошковски ќе биде министер за внатрешни работи, а Ѓоко Велковски ќе го предводи министерство за труд и социјална политика во техничка Влада предводена од Талат Џафери.

Тошковски е адвокат, а во рамки на партијата е претседател на Комисијата за правни прашања. За разлика од него, Велковски беше генерален секретар во Град Скопје, а неодамна беше разрешен од градоначалничката Арсовска.

За во Министерството за информатичко општество и администрација потврдено е името на Стефан Андоновски. Тој е Секретар за меѓународна соработка на ВМРО- ДПМНЕ и член на Советот на Град Скопје. Истовремено е член и на партиските органи на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот