Пакистански војници убиле седум вооружени лица во операција близу границата со Авганистан

Талибанско знаме на границата со Пакистан/ Фото: EPA-EFE/AKHTER GULFAM

Пакистанските безбедносни сили убиле седум вооружени лица при размена на оган во југозападната провинција Балуџистан, која граничи со Авганистан, соопшти денеска пакистанската армија.

Во соопштението на армијата се наведува и дека е запленето големо количество експлозив.

Квета е главен град на провинцијата Балуџистан каде што белушките националисти, исламските милитанти и терористичката група Исламска држава извршија многу напади врз безбедносните сили во последниве години.

Покраината Балуџистан, богата со гас, која се граничи со Авганистан и Иран, повеќе од две децении е место на бунт на белушките националисти против централната влада во Исламабад. На почетокот тие сакаа удел во располагањето со ресурсите на покраината, но подоцна побараа целосна независност на областа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот