Пакистан стравува од нов имигрантски бран

Талибанско знаме на границата со Пакистан/ Фото: EPA-EFE/AKHTER GULFAM

Пакистанските власти ги интензивираа напорите да ги протераат илегалните имигранти, вклучително и авганистанските бегалци кои избегаа од преземањето на Талибанците и покрај меѓународните критики, јави ДПА.

Добитничката на Нобеловата награда за мир Малала Јусафзаи им се придружи на оние кои побараа од пакистанската влада да ги преиспита плановите за масовна депортација на авганистанските бегалци.

-Авганистанските бегалци, деца, жени, мажи, стари лица, кои бегаат од прогонот на Талибанците заслужуваат поддршка, достоинство и безбедност, а не дополнителни пречки и малтретирање. Го повторувам повикот на експертите на ОН и ја повикувам пакистанската влада да ја преиспита својата избрзана политика на масовна депортација, напиша 26-годишната девојка вчеравечер на платформата „X“.

Група експерти на Обединетите нации, исто така, побараа од Пакистан да го запре планот за масовна депортација на Авганистанците.
-Авганистанците ќе имаат рок до крајот на октомври доброволно да ја напуштат земјата пред да бидат извршени депортации или апсења, соопшти пакистанската Влада.
Владата денеска го повтори своето предупредување.

Според владините бројки, во земјата живеат околу 4,4 милиони авганистански бегалци, од кои 1,7 милиони без валидни документи.
Минатиот месец Пакистан објави план за депортирање на сите нерегистрирани бегалци од 1 ноември.

Пакистан отвори уште три премини со Авганистан во југозападната провинција Балучистан пред крајниот рок, додека центрите за депортација се формираа низ целата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот