Паднати десетина дрвја и неколку оштетени автомобили во краткотрајното невреме во Скопје

Скопје невреме фото МИА

Краткотрајното невреме попладнево го погоди скопскиот регион и предизвика мали штети во главниот град.

Како што соопштија од Град Скопје, регистриран е прекин на електричната енергија во делови на Центар и Аеродром и прекин на телекомуникациската мрежа во неколку скопски населби. Паднати се десетина дрвја и има неколку оштетени автомобили.

Град Скопје информира дека се проодни сите подвозници и дека екипи на јавните градски претпријатија работат на поединечни локации.

-Екипите на ЈП „Паркови и зеленило” работат на расчистување на дрвјата, додека екипите на ЈП „Водовод и канализација” на отстранување на проблеми со атмосферската канализација, се вели во соопштението.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот